Корисници масовно го напуштаат X и одат на НОВА апликација која сè повеќе расте

Конкурентот на платформата X, Bluesky, се искачи на прво место на американската листа на Apple App Store оваа недела, бидејќи многу корисници на платформата на Илон Маск најавија дека ќе ја напуштат поради неговата улога во претседателските избори во САД.

x-2474-fi

Извор: Bizlife.rs

Бројот на корисници на Bluesky се дуплира во последните 90 дена — минатиот вторник компанијата изјави дека добила милион нови пријави претходната недела, со што достигна повеќе од 15 милиони вкупни корисници.

Расположението на платформата X е забележително поинакво: Маск месеци наназад ја користеше страницата за да го поддржи претседателот Доналд Трамп. Во последно време истражувачите забележаа пораст на сексистички јазик, како што е изразот „твоето тело, мој избор“ на страницата. Покрај тоа, претходните промени што ги воведе Маск вклучуваат намалување на бројот на модератори, враќање на забранети профили, овозможување на расистички и нацистички профили и измена на системот за верификација на платформата за да се овозможи секој кој е подготвен да плати да добие верификација, без оглед на содржината што ја објавува — сè ова негативно влијаеше на главниот бизнис на компанијата.

Бројни истакнати новинари минатата недела најавија дека ја напуштаат платформата X и преминуваат на Bluesky, вклучувајќи го Чарли Варцел од Atlantic, Мару Геј од New York Times и поранешниот водител на CNN Дон Лемон. Од британскиот весник The Guardian исто така веќе објавија дека повеќе нема да објавуваат содржина на платформата X од своите официјални канали, нарекувајќи ја X „токсична медиумска платформа,“ но не прецизираа кои други платформи планираат да ги користат за промоција на својата работа.

x-2474-ps1

Извор: Bizlife.rs

Иако Bluesky можеби моментално го доживува својот врв, три години по своето лансирање, тврдењата дека ќе го „уништат“ X треба да се земат со резерва.

Како приватна компанија, X не споделува податоци за бројот на корисници. Скорешните проценки од трети страни за трендовите на корисниците се различни, иако изгледа дека конзистентниот раст на корисниците кој платформата Х го имаше пред Маск да ја преземе е нарушен во последните две години. Сепак, — на подобро или, веројатно, на полошо — страницата до сега издржа создавање на бројни конкуренти, враќање на профили на бели супремасисти и ширење на расистички теории на заговор кои доаѓаат од самиот Маск, а при тоа не падна во заборав.

x-2474-ps2

Извор: Bizlife.rs

„Користењето на платформата X е на највисокото ниво до сега и продолжува да расте,“ изјави минатата недела генералната директорка на X, Линда Јакарино. „За сите наши корисници — со сите интереси, политички определби и ставови — секогаш ќе имате место каде можете слободно и безбедно да учествувате во глобалниот разговор.“

По изборите корисниците ја напуштаат платформата X?

Според дигиталната платформа за разузнавање Similarweb, повеќе од 115.000 корисници од САД ја деактивирале својата сметка на платформата X ден по изборите, што е најголемиот еднодневен егзодус откако Маск ја презеде контролата над платформата,. Овој податок ги вклучува само корисници кои ја деактивирале сметката преку веб-страницата, а не преку мобилната апликација.

Меѓутоа, X исто така имаше највисок интернет сообраќај за целата година токму на овој ден, со 46,5 милиони посети на десктоп уреди, што е за 38 проценти повеќе во однос на просечниот број на посети во претходните месеци, наведува Similarweb. Bluesky исто така забележа пораст на дневните посети на денот на изборите и денот потоа, на 1,2 милиони и 1,3 милиони, во однос на околу 800.000 во претходните денови.

„Дали ќе дојде до мерлив пад на публиката на платформата X како резултат на политиката, останува да се види,“ рече Дејвид Кар, уредник за увиди, вести и истражувања од Similarweb, во блог пост минатиот вторник. Меѓутоа, додаде, „Неодамнешниот дневен врв во американскиот сообраќај на платформата X не може да ја надокнади загубата на публиката која оваа платформа ја доживеа во последните две години откако Маск ја презеде.“

x-2474-ps3

Извор: Bizlife.rs

Фирмата за пазарна интелигенција Sensor Tower откри дека дневните активни корисници на апликацијата и времето поминато на платформата X скокнаа на 5. и 6. ноември во споредба со претходните 30 дена. Меѓутоа, до 10. ноември, дневните активни корисници на платформата X се стабилизираа во однос на периодот пред изборите, додека Bluesky забележа раст на корисниците од 28 проценти во истиот период.

Поврат на Масковите инвестиции од 44 милијарди долари

Дури и ако X губи корисници во корист на платформата Bluesky, нема знаци дека Маск ќе направи нешто во врска со тоа, пишува CNN.

Иако Маск при преземањето на платформата изјави дека сака таа да биде „политички неутрален“ дигитален пазар, X под неговото водство остро се сврте кон десницата, дури и пред да започне отворено да го поддржува Трамп и неговото MAGA движење.

Маск направи X да биде првата mainstream социјална платформа која го врати профилот на Доналд Трамп, откако беше широко забранет по нападот на Капитол Хил на 6. јануари 2021, со што поттикна и други платформи да направат исто. Пред изборите, Маск ширеше лажни и заблудувачки тврдења за Трамповиот противник, потпретседателката Камала Харис. Платформата исто така наводно им прикажуваше политички и про-Трамп содржини на корисниците, без оглед на нивните лични преференции.

Денес, X стана своевиден центар за корисници на социјалните мрежи наклонети кон десницата.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.