Од корејска нега до нови соработки: GLOW & CONNECT со GEA и Coslovemetics

Четврток, 24 септември - Утро посветено на корејската нега на кожа, нови познанства и создавање повеќе можности за поврзување и соработка меѓу жените од бизнис заедницата.

coslo-6427-fi

Извор: GEA

Алијансата за родова еднаквост – GEA, во соработка со својот партнер Coslovemetics, го организираше настанот GLOW & CONNECT: Korean Beauty Morning – поинакво утринско дружење кое на едно место собра повеќе од 40 жени од бизнис заедницата, меѓу кои претставнички на компаниите партнери и поддржувачи на GEA, како и претставнички на медиумите.

Настанот беше замислен како простор за опуштено дружење, нови познанства и поврзување, со цел да поттикне нови контакти и можности за идни соработки меѓу жените од различни компании, индустрии и професионални средини.

coslo-6427-ps1

Извор: GEA

Во фокусот на утрото беше запознавањето со COSDEW, новиот корејски козметички бренд на Coslovemetics, произведен во Јужна Кореа. Во рамки на Korean Glow искуството, гостинките имаа можност да се запознаат со филозофијата на корејската нега на кожа, вечерната рутина за нега, правилното нанесување на производите и концептот на двојно чистење на лицето.

Во посебно уредениот COSDEW простор за тестирање, учесничките можеа лично да ги испробаат производите, да добијат индивидуални препораки и одблиску да се запознаат со различните чекори и производи во корејската рутина за нега на кожа.

coslo-6427-ps3

Извор: GEA

„Сакаме GEA да биде повеќе од платформа преку која отвораме важни теми за родовата еднаквост. Сакаме да градиме активна заедница во која жените ќе имаат повеќе можности да се запознаваат, да разменуваат искуства и идеи и од тие средби да произлегуваат нови соработки. GLOW & CONNECT го замисливме токму како едно такво поинакво и неформално утро за нашата заедница.“ – велат од GEA.

coslo-6427-ps2

Извор: GEA

“COSDEW е корејски бренд во кој вложивме многу љубов, знаење и внимание кон секој детал. По години работа со корејската козметика и искуството што го стекнавме директно во Јужна Кореја, инвестицијата во сопствен бренд беше природен следен чекор за нас. Сакавме да создадеме производи според нашата визија, со висок квалитет и формулации развиени и произведени во Јужна Кореја. Особено ни е драго што COSDEW го претставивме токму на ваков настан, пред толку многу успешни и инспиративни жени.“ – изјави Марија Крстевска од Coslovemetics.

Настанот продолжи со заеднички појадок и неформално дружење, оставајќи простор гостинките да ги продолжат разговорите, да воспостават нови контакти и да отворат можности за идни професионални и деловни соработки.

Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA редовно организира различни активности за своите партнери и поддржувачи, со цел покрај отворањето важни прашања од областа на родовата еднаквост, да создава и активна заедница и простор за меѓусебно поврзување.

GEA е иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, посветена на создавање инклузивна работна култура и промовирање еднакви можности за сите. Алијансата се залага за три главни столба: еднаква застапеност на мажите и жените на сите нивоа и позиции, еднаква плата за иста работа и еднакви можности за напредок.

coslo-6427-ps4

Извор: GEA

Работата на GEA ја поддржуваат: Eurolink, CaSys, Сава Пензиско и Halkbank како главни партнери, како и Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, Пивара Скопје, А1 Македонија, IdeaLab, Евроинс Осигурување и Coslovemetics како партнери. Поддржувачи на Алијансата се Сава Осигурување, Publicis Groupe, EOS Matrix, Avenga Academy, Furnit и Fashion Group.

Повеќе информации за активностите и можностите за приклучување кон Алијансата за родова еднаквост на работното место се достапни на: genderequalityalliance.org

coslo-6427-ps5

Извор: GEA

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.