ЕУ го обвини „Епл“ за кршење на новите правила за дигитална конкуренција

Регулаторите на Европската унија ја обвинија компанијата „Епл“ за кршење на новите правила за дигитална конкуренција спречувајќи ги програмерите на софетверот во App Store да ги пренасочуваат корисниците на други места.

apple-1624-fi

Извор: Unsplash / Alireza Khoddam

Регулаторите на Европската унија ја обвинија компанијата „Епл“ за кршење на новите правила за дигитална конкуренција спречувајќи ги програмерите на софетверот во App Store да ги пренасочуваат корисниците на други места.

Европската комисија соопшти дека според прелиминарните наоди од нејзината истрага, производителот на „Ајфон“ го прекршил Законот за дигитални пазари на ЕУ.

Правилникот, исто така познат како ДМА, е сеопфатен сет на прописи чија цел е да ги спречи технолошките гиганти да ги заземат дигиталните пазари.

Извор: МИА

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.