Таквото капаче го спречува неговото фрлање во околината и треба да ги поттикне потрошувачите да го рециклираат заедно со шишето.
Мерката е дел од директивата за пластика за еднократна употреба од 2019 година, според која Брисел ја забрани продажбата на пластични производи за еднократна употреба од 2021 година, од чинии до прибор за јадење, вклучувајќи сламки и памучни пупки.
Патоказот поставен со европската директива сега предвидува од овој месец да стапат на сила и барањата за дизајнирање на капачињата и капаците на пластичните контејнери за пиење за еднократна употреба за да имаат помало влијание врз животната средина.
Пластичните капачиња и капаци се меѓу пластичните предмети за еднократна употреба кои најчесто се наоѓаат на плажите на ЕУ, наведува Европската комисија во директивата, како што пренесува Италија тудеј. Се додава дека тие се меѓу првите пет предмети пронајдени за време на операциите за чистење и следење на некои остатоци. Тешко е точно да се процени степенот на штетата што ја предизвикуваат врз животната средина, и на копно и на море, но за повеќе од 30 години, над дваесет милиони плута и капачиња од шишиња се пронајдени за време на активностите за чистење на плажите ширум светот.
Примената на европската директива се однесува на пластични шишиња, но и на композитни амбалажи како што се пакувања млеко или овошни сокови, додека не се однесува на контејнери поголеми од три литри, ниту на оние со метални или стаклени капаци.
Земјите на ЕУ треба да рециклираат до 90 проценти од пластичните шишиња за еднократна употреба до 2029 година (со средна цел од 77 проценти до 2025 година).
Сите залихи на шишиња што не се во согласност со законодавството на ЕУ ќе мора да бидат повлечени од пазарот. Веќе неколку години, компаниите во секторот почнаа да се прилагодуваат на ова ново правило, со што во многу европски земји веќе се на пазарот капачињата закачени на шишиња.