Оваа функција првично беше тестирана кон крајот на минатата година во Нов Зеланд, со фокус на музичките плејлисти. Во текот на оваа година, Spotify ја прошири на нови пазари, вклучувајќи ги САД, Канада, Велика Британија, Ирска, Австралија и Шведска.
AI плејлисти за подкасти
Сега оваа бета функција ќе им овозможи на премиум корисниците на сите тие пазари да креираат AI потпомогнати плејлисти за подкасти на англиски јазик. Корисниците можат да кликнат на „Create“, да ја изберат опцијата „Prompted Playlists“ и да внесат промпт (наредба), на пример: „Направи плејлиста со True Crime подкасти кои би ми се допаднале. Додај високооценети серијали кои можеби сум ги пропуштил, особено оние со многу пресврти.“
Корисниците исто така можат да ја одберат зачестеноста на ажурирање на плејлистите секојдневно, неделно (со избор на ден) или без ажурирање. Компанијата наведе дека, кога одредена епизода ќе се додаде на плејлистата, таа ќе содржи кратка напомена која објаснува зошто е вклучена.
За лична содржина
„Љубителите на подкасти постојано ја бараат следната содржина која ќе ги воодушеви. Prompted Playlist го прави откривањето на содржини едноставно и лично. За авторите, тоа отвора нови можности за видливост, носејќи ги и постарите епизоди и новите содржини до публиката која јасно сигнализира што сака да слуша“, изјави Лизи Хејл, глобална уредничка на подкасти во компанијата Spotify.
Spotify наведе дека повеќе од 34 милиони подкасти секоја недела за првпат се откриваат на нивната платформа. Со оваа нова AI функција, компанијата дополнително вложува во унапредување на откривањето на содржини. Корисниците ќе можат да ги видат и плејлистите кои ги креира тимот за култура на Spotify на почетниот екран, со можност за лесно прилагодување преку измена на промптот.
Оваа аудио платформа веќе извесно време ги унапредува своите функции за да биде попогодна за подкасти. Претходно оваа година, Spotify ги намали критериумите за монетизација на видео подкасти. Според новите правила, креаторите треба да имаат три објавени подкасти, 2.000 часа гледање во последните 30 дена и најмалку 1.000 активни слушатели во истиот период.
За време на финансискиот извештај за четвртиот квартал од 2025 година во февруари, копретседателот на компанијата Алекс Норстром изјави дека на платформата постојат повеќе од 530.000 видео подкасти.
Извор: webmind.rs