Дизајн за да му се изнагледаш
За оние кои сакаат дизајн и естетика, ама не обична туку малку футуристичка, телефонот изгледа како полиран вселенски камен. Титаниумската рамка и Gorilla® Armor 2 стаклото ми даваат слобода да го фрлам во ранец пред да скокнам од брод меѓу ајкулите.
Екран кој го победува тропското сонце
На плажата на островот Гули, каде сонцето е безмилосно, 6,9-инчниот Dynamic AMOLED 2Х со QHD+ резолуција, остана читлив како печатено издание на Убавина и Здравје. Цел ден си на авантури надвор од хотел, снимаш, фотографираш, на видео кол си со пријателите за да ги споделиш убавините со нив, секако некој мејл ќе отвориш повремено за да останеш во тек, но раат си затоа што можеш да се потпреш на батеријата на Samsung Galaxy S25 Ultra. Само во еден ден снимив 500 фотки и 34 видеа. Батеријата од 5 000 mAh издржа до вечер со 20 %. Со 65W Super-Fast Charging стигнав од 15 до 70 % за 20 минути доволно за овековечување на ѕвезденото небо и вечерата на плажа. Тука во темнината се истакна 200 MP-сензорот кој ги фати детали.
Приказна во секој пиксел
Кога сакаш да ги снимиш ражите под вода ти треба 50 MP ултра-широк кадар и 5× оптички зум ако треба да ги задржи делфините во кадар. AI-функцијата Audio Eraser го исчисти звукот на моторот, па видеото шепоти само море.
Извор: М.Ј
Ако ти треба асистент
Секој ден го стартував со „Now Brief“: телефонoт ми сервира мини-агенда во колку е средба со водичот, какво е времето и потсетник да не излезам без нанесување на крема со СПФ 50.
Перформанси како за ТикТок креатор со тајно оружје S Pen
Snapdragon 8 Elite работи брзо и совршено. Монтирав 4K клипови, стримав музика и чатував паралелно без ни најмало кочење или задржување.
Под палмите со S Pen едитирав видео клипови, скицирав документи и пишував белешки за оваа рецензија што ја читате. Ова е уред измислен за креативци во движење.
Извор: М.Ј
Издржливост и безбедност
Телефонот преживеа солена вода, песок и случајно паѓање од мрежестиот хамок – IP68 заштитата и титаниумската рамка си го прават своето. Не е сигурен само уредот, безбедни се и податоците. Samsung Knox е вистинска тврдина за документите, а преку Quick Share новите малдивски пријатели добија копија од сликите и видеата пред да кажам „cheese“. S25 Ultra не е збир на спецификации – тоа е мал мобилен екосистем што работи за вас.
Извор: М.Ј
Ако барате телефон кој изгледа „кул“ на кафе-маса, но и интелигентно предвидува што ви треба, Galaxy S25 Ultra е вашето дгитално „дома“. Со AI што го чита вашето утро, камера која го овековечува вашето попладне и батерија што ја преживува вашата ноќ, овој уред ги спојува авантурите со сигурноста. Не е совршен, сè уште не може да го отвори кокосот, ама независно дали следна дестинација ви е далечен остров или локалното кафуле, S25 Ultra е билет за приказна што ќе сакате да ја споделите.
Автор: М.Ј