Samsung Knox – другото име за безбедноста на податоците на вашиот Galaxy телефон

Да се живее и работи во дигитална ера значи да се биде во чекор со технолошките достигнувања поттикнати од иновативните дигитални технологии кои ги преобликуваат економиите и општествата и обезбедуваат широк пристап до информации и услуги. Како што светот го движат податоците (data-driven world), така и нивната безбедност станува елементарна и неопходна во секој сегмент од живеењето.

samsung-knox-1692-fi

Извор: Samsung

Не е спорно дека секој од нас постојано го има покрај себе својот телефон, за што често пати ќе слушнеме од некого „целиот живот ми е во телефонот“. Тоа значи, дека тој уред ги содржи важни податоци, од нашите лични податоци, банкарски сметки, важни емаил пораки вклучително и огромен дел од нашето работење и професионалниот живот, како и личниот. А за тоа како е обезбедена заштитата на нашиот телефон, дознаваме од функионалноста на Samsung Knox – првото нешто што ни се појавува на екранот секој пат кога го вклучуваме, рестартираме или ажурираме нашиот Galaxy телефон.

Со последната серија телефони Galaxy S24, Samsung уште повеќе ги зајакна и унапреди своите безбедносни функции, кои се достапни и за другите модели на Galaxy телефони со ажурирање на најновиот One UI 6.1 оперативен систем.

Заштита од вируси и малициозни софтвери на вашиот Galaxy

samsung-knox-1692-ps1

Како и персоналните компјутери и лаптопи, така и вашиот телефон може да „закачи вирус“ односно малициозен софтвер. Без разлика дали вашиот телефон е Galaxy S24, Galaxy S24+, Galaxy S24 Ultra, или пак друг Galaxy модел, еден од начините ова да се случи е доколку отворите слика од непознат извор која може ги загрози сите ваши чувствителни податоци и соджини кои ги имате во телефонот. Токму затоа, Samsung Knox поседува функција Автоматски блокатор (Auto Blocker) за да го заштити вашиот Galaxy уред и личните податоци така што ќе спречи инсталирање на апликации од неовластени извори. Оваа функција, исто така, проверува за малициозен софтвер и други закани за сајбер безбедноста и веднаш ја блокира секоја штетна активност што може да се појави. Автоматскиот блокатор може да спречи преземање апликации од непотврдени извори, односно да ги спречи потенцијалните напади кои може да се појават во форма на измами, како што е и гласовниот фишинг на пример, кој може да ве измами да инсталирате малициозен софтвер. Дополнително ниво на заштита што го обезбедува Автоматскиот блокатор е спречување на навлегување на штетни команди во вашата физичка USB порта – што може да биде корисно во случаеви кога го полните телефонот преку штекер на јавно место како на пример, на аеродром. Активирањето на оваа функција е многу едноставно, постебно е само да го вклучите, откако во Безбедност и приватост ќе ви се појави оваа функција.

Во склоп на Автоматскиот блокатор е и функцијата Message Guard која е насочена кон неутрализирање на сите можни закани кои со себе ги носи потенцијална малициозна слика која сте ја добиле како порака, зачувувајќи ја истата во изолиран дел од вашиот телефон. Додека сликата е во карантин, функцијата Message Guard на Samsung го проверува документот дел по дел – го обработува во контролирана средина за да спречи заразување на други делови од вашиот уред. Message Guard работи со низа популарни апликации за пораки, од оние на Google и Samsung до Messenger, Telegram и WhatsApp. Не треба да се грижите за започнување на овој процес бидејќи Message Guard работи тивко и ефикасно без престан во позадина без да мора да се активира на кој било начин.

Вие обележувате што можат другите да гледаат во вашиот телефон

samsung-knox-1692-ps2

Одвреме навреме ни се случува да го дадеме телефонот некому да погледне слика или можеби да прочита нешто во нашиот телефон. За ваквите ситуации тука е Pinn App функцијата како дел од безбедноста на Knox, која ќе се погрижи, никој да не може да види ништо друго во вашиот телефон освен апликациите кои вие сте ги дозволиле со оваа функција. Овој „чувар на Вашите апликации“ спречува луѓето да влегуваат таму каде што не се добредојдени. Наместо тоа, ги задржува таму каде што треба да бидат – во апликацијата што сте ја означиле – и никаде на друго место. А кога вашиот Galaxy телефон треба да го дадете, на пример на поправка во сервис, тогаш знаете дека со него ќе се занимаваат постручни лица, кои, доколку не активирате повисоко ниво на приватност, ќе имаат пристап до сите ваши пораки, слики, податоци кои можеби не сакате да ги споделувате со трети лица. Но и за ова има решение и се вика Режим на одржување (Maintenance Mode) кој е специјално осмислен да спречи пристап кон податоците кога вашиот уред не е во вашите раце, како и да гарантира дека податоците нема да бидат случајно избришани од Вашиот уред. Бидете без грижи. Оние кои ќе го сервисираат вашиот телефон, ќе имаат пристап само до основните функции на уредот со кои ќе можат да ја извршат потребната дијагностика.

Слики, пораки, податоци, само за Вашите очи?

samsung-knox-1692-ps3

Токму така, одредени содржини или податоци можете да чувате во вашиот телефон само за вас без никој друг да има пристап. Во Безбедната папка (Secure Folder) можете да ги заклучите сите овие податоци за да не може кон нив се пристапи преку стандардниот простор за складирање податоци, ниту пак без PIN, шема, лозинка или отпечаток од вашиот прст. Со помош на наредбата „Премести во Безбедна папка“ (Move to Secure Folder) во менито, како и доколку сликате со апликацијата Camera во Безбедната папка (Secure Folder), ги складирате содржините на ова безбедно место во вашиот телефон.

Зголемена заштита за „каде ми е телефонот?“

Можеби најнепријатната ситуација во врска со телефонот е кога не можеме да го најдеме, а во  тоа кратко време додека „се преслушуваме“ дали можеби сме го загубиле или заборавиле некаде, низ глава ни поминуваат и безброј мисли што сé имаме во телефонот. Но, нем потреба од страб, бидејќи со Samsung Find ќе можете да го лоцирате, заклучите и дури да ги избришете податоците на уредот за да блокирате пристап. Можете да го најдете вашиот уред дури и ако не е поврзан на мобилна мрежа, сè додека е тој е вклучен. И не е тоа сé – со Samsung Find не само што можете да го најдете Вашиот Galaxy телефон, туку и Вашите слушалки Galaxy Buds, таблети, часовници и други уреди.

За Samsung заштитата на податоците претставува императив, еден од главните столбови на кои се темели успешната приказна на овој технолошки гигагнт, заедно со вештачката интелигенција Galaxy AI како соствен дел на уредите на Samsung.

Комерцијална објава

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.