Samsung Electronics ја унапредува домашната забава со HDR10+ за Netflix серии и филмови

HDR10+ нуди поимерсивно искуство при гледање со живописни бои и подобрен контраст на паметните телевизори и монитори на Samsung.

samsung-3285-fi

Извор: Samsung

Samsung Electronics објави дека нивните паметни телевизори и монитори сега ќе поддржуваат Netflix серии и филмови во HDR10+. Со HDR10+, гледачите ќе можат да уживаат во побогат контраст, подлабоки бои и неверојатна визуелна длабочина, со што нивните омилени Netflix наслови ќе бидат поимерсивни од кога било.

„HDR10+ го подобрува начинот на кој гледаме содржина, нудејќи подлабок контраст и повпечатливи бои за вистинско кино искуство,“ изјави Таејонг Сон (Taeyong Son), извршен потпретседател на одделот за визуелни екрани во Samsung Electronics. „Возбудени сме што ја носиме оваа технологија до повеќе од 300 милиони членови на Netflix и ќе продолжиме со соработки за да ја прошириме технологијата HDR10+ низ нашата линија производи и поширокиот стриминг екосистем.“

HDR10+ е технологија со висок динамички опсег (HDR) од следната генерација развиена од Samsung, со цел оптимизирање на квалитетот на сликата сцена по сцена. Со динамично прилагодување на осветленоста и контрастот, HDR10+ обезбедува исклучителна јасност и детали во секој кадар, верно пренесувајќи ја визијата на креаторите на содржината.

Со оваа интеграција, гледачите ќе можат да уживаат во поголема реалистичност и длабочина преку растечката библиотека на HDR10+ содржина, правејќи ја секоја сцена повпечатлива. HDR10+ содржината на Netflix ќе биде достапна на Samsung Neo QLED, OLED и Lifestyle телевизорите од 2025 година, како и на мониторите од 2024 и 2025 година, со поддршка за дополнителни модели во иднина.

Ова лансирање претставува значаен чекор во проширувањето на HDR10+ содржината, носејќи врвен квалитет на сликата до уште повеќе гледачи. Освен со Netflix, Samsung активно работи со зголемена мрежа на индустриски партнери за дополнително проширување на HDR10+ поддршката. За повеќе информации за Samsung телевизорите, посетете ја: www.samsung.com.

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.

Извор: Samsung

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.