Samsung Electronics го редефинира искуството со мобилната вештачка интелигенција на Светскиот конгрес за мобилни телефони (MWC) 2025 година, што се одржува од 3 до 6 март во изложбениот центар Fira Gran Via во Барселона. Одделите за мобилни искуства (MX) и Networks на Samsung ќе ги покажат своите најнови ВИ иновации, вклучувајќи ја следната генерација на Galaxy AI и мрежи дефинирани со софтвер.
Визијата на Samsung да обезбеди вистински ВИ придружник преку напредни мобилни ВИ иновации ќе биде целосно прикажана на MWC, почнувајќи од серијата Galaxy S25 до новата Galaxy A серија и првите XR слушалки наречени Project Moohan. Ова вклучува ексклузивен увид во Galaxy S25 Edge, најтенкиот уред од серијата Galaxy S досега, кој го продолжува наследството на Samsung во предводењето на иновациите во најсовремен хардвер. Посетителите ќе имаат можност и да истражат како ВИ ја обликува иднината на здравјето и домашниот живот, поставувајќи нов стандард за интелигентно и поврзано живеење. Овие трансформативни ВИ напредоци се поддржани од основното ветување на Samsung за безкомпромисна безбедност и приватност на секое ниво за своите корисници.
Доживување на целосниот потенцијал на Galaxy S25
Како лидер во менувањето на начинот на кој се користат мобилните телефони со вештачка интелигенција, новата серија Galaxy S25 го менува начинот на кој корисниците работат, креираат и се забавуваат. Покрај подобрувањата со вештачката интелигенција, серијата Galaxy S25 ги истакнува и врвните способности и перформансите на камерата, директно потврдувајќи ја моќноста и брзината кои ја претставуваат основата на секој Galaxy уред.
Во сегментот кој истакнува како Galaxy S25 делува како неопходен ВИ придружник кој помага полесно да се завршат работите, посетителите ќе можат да видат и доживеат:
Беспрекорно искуство низ апликациите: видете како задачите како на пр. наоѓање ресторан на „Карти на Google“ и споделување детали преку „Пораки“ стануваат лесни со една гласовна команда со Gemini – сега достапни на Samsung, Google и избрани апликации од трети страни
Пребарување со заокружување со Google (Circle to Search with Google): пребарајте го екранот на вашиот телефон на покорисни и контекстуални начини како препознавање URL-адреси и посета на веб-локација со еден гест.
Gemini Live: користење на природен разговор за размислување, учење и вежбање со одговори во реално време и поддршка за слики, датотеки и видеа на YouTube.
Now Brief: персонализирана снимка на содржина заснована на приспособени увиди, како и проактивни препораки преку Nov Bar.
Искуството продолжува со напредните технологии на камерите од серијата Galaxy S2 воведувајќи нови начини за креирање, кои вклучуваат:
Помош за цртање (Drawing Assist): Корисниците можат да го подигнат создавањето содржина на следното ниво со интелигентно подобрување и унапредување на скиците.
Пребарување на галерија (Galery Search): Со пребарување засновано на природен јазик, сега е полесно од кога било да се најдат снимени моменти и ситуации.
Филтри: Истражете ги уникатните ефекти за портрети и новите опции за филтри, додавајќи личен допир на фотографиите направени во режим на портрет.
Во последната зона, во која се претставени нови начини за играње игри, посетителите ќе можат да видат:
Snapdragon® 8 Elite за Galaxy: Специјално приспособениот чипсет во соработка со Qualcomm ги поместува границите на перформансите и гарантира играње со голема брзина, подобрена одзивност и квалитетни визуелни слики дури и за најсложените наслови.
Како дел од својата посветеност да испорача искуство со мобилна вештачка интелигенција за секого, Samsung ќе ја претстави новата серија Galaxy A – Galaxy A56 5G, A36 5G иA26 5G – со Феноменална интелигенција (Awesome Intelligence), што ќе ја направи најновата моќна Galaxy AI технологија достапна за уште повеќе корисници. Серијата Galaxy A го носи искуството со камерата на следното ниво со креативни алатки како популарната функција за бришење објекти (Object Eraser). Проширувајќи ги ВИ иновациите на Samsung, новата серија А обезбедува сигурни перформанси и долгорочна вредност, поддржана од шест нови верзии на ОС и шест години безбедносни ажурирања за трајно и секогаш безбедно искуство.
Извор: Samsung
Подобрување на секојдневниот живот со вештачка интелигенција
Посетителите на MWC 2025 исто така ќе имаат можност да истражат како Samsung го подобрува секојдневниот живот дома и донесува ново ниво на контрола и увид во здравјето на корисниците со интелигентни, поврзани искуства.
Во зоната што прикажува нови начини да се биде здрав, ќе бидат изложени типовите на здравствени увиди поддржани од вештачка интелигенција кои ќе им бидат на допир на користиниците на уредите од серијата Galaxy S25, како што се енергетски резултат (Energy Score), совети за здравје (Wellness Tips) и увиди во спиењето (Sleep Insights). Овие карактеристики нудат детално и персонализирано здравствено искуство кое обезбедува сеопфатен преглед на здравствената состојба на корисникот врз основа на индивидуалните здравствени податоци и интереси. Со примери за беспрекорна интеграција со поврзаните апликации како SmartThings и Samsung Food, корисниците можат да видат како Samsung работи на развивање комплетно здравствено искуство што секому ја олеснува благосостојбата.
На штандот исто така ќе бидат прикажани новите способности на ВИ кои им овозможуваат на корисниците безбедно и удобно да управуваат со својот дом преку поврзување со уреди. Со заштита на безбедноста со Knox Matrix, сценаријата за вештачка интелигенција во домот ќе прикажуваат паметно живеење со лесна инсталација и контрола врз уредите, овозможени од платформата SmartThings.
Најсовремени иновации изградени на цврста Galaxy основа
Безбедноста е во срцето на ВИ напредокот на Самсунг, обезбедувајќи секое искуство да се заснова на корисничка контрола, транспарентност и силна заштита. Во зоната Galaxy Foundation ќе бидат достапни корисни информации за функцијата Personal Data Engine, која гарантира заштита на персонализираните податоци генерирани на уредот од пристап на апликации различни од Galaxy AI и дополнително е обезбедена од Knox Vault.
Самсунг ќе ги претстави своите први слушалки со Android XR, наречени Project Moohan, кои нудат поглед во иднината на проширената реалност напојуван со вештачка интелигенција. Со интегрирање на мултимодална вештачка интелигенција со напредни XR способности, овој револуционерен уред означува голем чекор напред кон поперсонализирано, контекстуално искуство кое го подобрува секојдневниот живот на многу извонреден начин.
Посетителите ќе можат да уживаат во овие иновации на вештачката интелигенција на штандот Samsung Galaxy Experience во сала 3 на изложбениот центар Fira Gran Via.
Постигнување на комплетна софтверска мрежа, каде што вештачката интелигенција го користи целиот свој потенцијал
Покрај иновативните мобилни технологии, Samsung на посебен штанд ќе покаже и како напредува со новата генерација мрежи базирани на вештачка интелигенција. Како глобален лидер во виртуелни и отворени мрежи, Samsung им нуди на операторите целосни, end-to-end софтверски решенија, овозможувајќи им да ја подобрат својата основна инфраструктура за да применат вештачка интелигенција на секое ниво на нивните мрежи.
На штандот, меѓу другото, ќе се прикаже разноврсното виртуелно решение RAN (vRAN) на Samsung, најновите 5G радија и Samsung CognitiV Network Operations Suite (NOS), интелигентно решение за мрежна автоматизација. Ќе бидат презентирани и различни примери на деловни апликации на 5G мрежите.
Самсунг исто така ќе ги прикаже своите тековни напори за унапредување на софтверски дефинираните мрежи преку својот силен партнерски екосистем, вклучувајќи сервери, процесори (CPUs, GPUs), платформи за облак, транспорт и многу повеќе. Дополнително, посетителите на штандот ќе видат како Samsung CognitiV NOS може да донесе поголеми придобивки за телекомуникациските оператори низ процесот на кружно управување инсталации, работење до оптимизацја. Ова решение за автоматизација, кое се состои од низа различни апликации базирани на вештачка интелигенција, игра клучна улога во подобрувањето на перформансите преку зголемување на енергетската ефикасност на мрежата на поинтелигентен начин.
Еден од најатрактивните делови на овој штанд е зоната на приватната 5G мрежа. Samsung, во соработка со Hyundai, неодамна го заврши целосното тестирање на апликацијата Reduced Capability (RedCap) преку приватна 5G мрежа, прва од ваков вид во индустријата. Со имплементирање на напредните приватни 5G мрежни решенија на Samsung, овие компании го докажаа потенцијалот на следната генерација на индустриско поврзување преку 5G мрежите преку подобрување на траењето на батеријата и енергетската ефикасност на 5G IoT уредите.
Овој посебен штанд се наоѓа во хала 2 на саемскиот центар Fira Gran Via.