Го користам три месеци и благодарение на неговиот изглед и перформанси имам чувство дека сум cool инфлуенсерка во градот. Драги мои, не ви треба рецепт за подмалдување и разубавување, доволно е да го имате Samsung Galaxy A36 и животот ќе ви биде совршен и разнобоен.
Камерата што ќе ја “зачини” играта во буквална смисла на зборот. Селфи или групна фотка? Samsung Galaxy A36 има 50MP главна камера со AI оптимизација, што значи дека секоја фотка ќе биде insta-ready без да се мачиш со филтри. Ултра – широката леќа е идеална за оние епски travel снимки или за да ја фатиш целата екипа на журка. А предната селфи камера? 16MP и со супер smooth beauty mode – совршено за твојот нов профил пик.
Извор: Samsung
Ако бараш перформанси за забава 24/7 овој уред има решение и за тоа. Еве за што зборувам. Заборави на лаг! Со новиот 8-јадрен процесор и 8GB RAM, Samsung Galaxy A36 е “роден” за мултитаскинг. Скролаш, гледаш видеа, играш игри, и тоа сè во исто време – без никаков проблем. А батеријата од 5000mAh? Ќе те држи цел ден, дури и ако си 24/7 online. Звучи примамливо нели? Благодарение на сите овие перформанси ТИ ќе бидеш главната “фаца” во градот.
Ти треба дизајн што вика “wow!” и по кој ќе бидеш препознатлив/а? – МОЖЕ.
Samsung Galaxy A36 доаѓа во неколку пастелни и неонски бои, total vibe! Ултра – тенок, лесен и со мат финиш што не собира отпечатоци. Ова е телефонот што ќе ти го надополни стилот, без разлика дали си на кафе, во училиште или на журка. За да бидеш посебен или посебна во друштво, Samsung Galaxy нуди екстра Gen Z опции од кои “боли глава”.
1.Super AMOLED 120Hz екран – скролот никогаш не бил толку smooth, а боите се толку живи што ќе мислиш дека си во некоја совршена игра.
2.Side fingerprint & Face Unlock – безбедност и брзина, само за тебе.
3.One UI 7.0 – персонализирај си го телефонот до максимум, со widgets, теми и always – on display.
4.5G конекција – за да не ти сецка видеото додека стримаш или играш online.
Извор: Samsung
Несебечно ќе кажам дека Samsung Galaxy A36 е телефон што го разбира твојот lifestyle. Тој не е само уште еден телефон – тој е твојот нов партнер во секојдневните авантури, верен пријател за кафе, најдобриот критичар за одлично селфи и верен партнер до најдобрите дестинации. Совршен е за креативци, гејмери, инфлуенсери и сите што сакаат да бидат чекор пред времето. Ако сакаш да бидеш во тек со трендовите, да бидеш виден и популарен а притоа да имаш моќен, убав и паметен телефон, Samsung Galaxy A36 е твојот нов must have аксесоар за сите годишни времиња.