Galaxy Watch: Направете повеќе, hands-free
Со Gemini на вашиот Galaxy Watch можете да добиете помош без да ги користите рацете, односно со природни гласовни команди за да останете продуктивни додека сте во движење. Кога трчате на трака во теретана, едноставно побарајте од Gemini да “Запамети дека денес го користам шкафчето 43”, за да можете да се фокусирате на вашето вежбање без да размислувате. Или кога ќе примите важен е-маил додека рацете ви се зафатени со носење на намирници, едноставно побарајте од Gemini да го “Сумира мојот последен е-маил” за брз преглед. Gemini ги обработува овие побарувања преку вашите апликации, овозможувајќи ви брзо да ги погледнете одговорите и да се вратите на тоа што го правите.
Galaxy Buds: Беспрекорна интеракција со уредите
Кога се користи со Galaxy Buds, Gemini искуството станува уште поцелосно. Користејќи гласовни команди или контроли со држење (hold), можете да го активирате Gemini на вашите слушалки Galaxy Buds и и да остварувате непречена интеракција со вашиот Galaxy смартфон. Така, кога ги врзувате патиките пред да трчате, едноставно побарајте од Gemini “Какво ќе биде времето додека трчам денес?” без да мора да го земате телефонот. Со Gemini, поинтелигентното Galaxy искуство сега ви е на дофат.
Извор: Samsung