Доживејте ја магијата на супер-големите телевизори на Samsung

Гледањето на содржини на голем екран, како што е телевизор од 98 инчи (249см), нуди неверојатно подобрено искуство, кое е многу поинтензивно и впечатливо.

televizori-2774-fi

Извор: Samsung

Со толку голем екран, филмските вечери стануваат како вистинско кино, а гледањето спортски натпревари дава чувство како да сте на самиот терен. А пак за љубителите на видеоигрите, големиот екран создава чувство дека се во светот на играта. Секој потег и секоја акција на екранот стануваат многу пореални кога се гледаат на екран од 98 инчи, засилено со опцијата AI Upscaling што овозможува конвертирање на видеата од YouTube во 4K или 8K резолуција со помош на процесорот Neural Quantum.

Преку големиот екран, секој детаљ станува многу поочигледен, што создава чувство на поголема реалистичност. И не зборуваме само за филмови или спортски содржини – замислете како е да гледате музички концерт на вашиот омилен бенд при што и аудио системот на телевизорот ќе си за заврши својата работа одлично, или пак да се нурнете во некој од документарците за Земјата на David Attenborough – чувството би било неприкосновено.

televizori-2774-ps1

Извор: Samsung

Кои телевизори ви ги предлагаме?

Samsung Crystal UHD DU9000

Маестралниот Samsung Crystal UHD DU9000 е идеален избор за секој филмски фанатик, љубител на спорт или искусен гејмер. Со својот импресивен екран од 98 инчи и функцијата Supersize Picture Enhancer, која користи вештачка интелигенција за обработка на слики во реално време, овој телевизор нуди неверојатно искуство при гледањето. Crystal UHD технологијата создава живописни, реалистични бои и јасни детали, носејќи ве директно во светот кој го гледате на екранот.

Благодарение на кристалниот процесор 4К, содржините се прикажуваат во врвна 4К резолуција, со моќно скалирање што ги истакнува сите детали. Функцијата PurColor овозможува репродукција на широка палета на живи бои за автентично и оптимизирано гледачко доживување, додека Contrast Enhancer динамично го регулира контрастот за создавање чувство на длабочина и природност на боите. Звукот дополнително го збогатува искуството, прилагодувајќи се на содржината благодарение на аудиосценската интелигенција, што овозможува совршено усогласено аудио кое го следи секое дејствие.

televizori-2774-ps2

Извор: Samsung

Samsung Neo QLED 4K QN90D

 Neo QLED 4K QN90D со својот спектакуларен супер-голем екран од 98 инчи и функцијата SuperSize Picture Enhancer засилена со вештачка интелигенција која го оптимизира квалитетот на сликата за огромни екрани, е вистински избор за вистинските ентузијасти на домашното кино.

Quantum Matrix технологијата овозможува ултра прецизна контрола на светлината, додека HDR оптимизацијата дополнително го усовршува осветлувањето и боите. Со функцијата Auto HDR Remastering, SDR содржините се прикажуваат со квалитет на HDR, нудејќи посветли моменти, поживописни бои и јасни детали.

Звукот, благодарение на AI обработката и Dolby Atmos технологијата со нагоре насочени звучници, овозможува автентично и импресивно surround аудио искуство од следната генерација.

Технологијата за 4K AI скалирање, базирана на 20 AI невронски мрежи, ги трансформира сите содржини во речиси 4К резолуција со боен приказ сертифициран од Pantone. За гејмерите, обезбедено е супериорно гејминг искуство, давајќи им конкурентска предност и целосно уживање во игрите.

Samsung QLED 4K Q80C

Моделот QLED 4K Q80C, со дијагонала од импресивни 249 сантиметри (98 инчи) и револуционерна технологија Quantum HDR+ прави сцените да се прикажуваат со извонреден контраст и живописност, создавајќи спектакуларно гледачко искуство. SuperSlim дизајнот комбинира врвна елеганција, модерен минимализам и футуристички стил, правејќи го совршено вклоплив во секој дом, каде забавата ќе биде во центарот на вниманието. Опремен со Neutral Quantum 4K процесор и напредна вештачка интелигенција, телевизорот ги подобрува сликите со понизок квалитет, додека интелигентниот режим за удобност на очите автоматски ги прилагодува поставките за пријатно гледање дури и при подолги часови пред екранот. Quantum Dot технологијата овозможува репродукција на милијарда нијанси на автентични бои, сертифицирани од PANTONE, кои создаваат неверојатно живописен и реалистичен приказ.

televizori-2774-ps3

Извор: Samsung

Звукот, пак, нуди тродимензионална прецизност и длабочина, додека технологијата OTS Lite обезбедува виртуелен звук што ги следи случувањата на екранот, нудејќи извонредно аудио искуство.

Samsung телевизорите се синоним за иновација и квалитет, особено кога станува збор за интеграцијата на вештачка интелигенција. Со напредните процесори тие не само што обезбедуваат неверојатно јасна и детална слика, туку и интелигентно подобрување на содржините во реално време. Samsung телевизорите не само што ги подигаат технолошките стандарди, туку нудат и беспрекорна удобност и врвни перформанси, правејќи ги идеални за сите кои бараат најдобро искуство од телевизорите со вештачка интелигенција. И не заборавајте дека благодарение на апликацијата SmartThings, можете со вашиот телевизор да управувате од телефонот, или пак на големиот ТВ екран да ги следите поврзаните уреди преку едноставно праќање на известување на вашиот паметниот телефон. Оваа инсталација без напор се применува на сите уреди на Samsung во домот, како и на апарати и IoT уреди од трети страни.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.