Galaxy AI и Samsung Knox: Вашата дигитална безбедност во секојдневието

Во време кога телефонот е наш фотоапарат, личен дневник и канцеларија во џеб, прашањето е едно – колку се безбедни нашите податоци? Со Samsung Knox и Galaxy AI, одговорот е едноставен: повеќе од кога било.

samsung-4442-fi

Извор: WebMind редакција

Дигиталниот свет носи нови можности, но и нови закани. Не е невозможно да се случи, но еве замислете дека сте го заборавиле телефонот во такси. Паниката е првата реакција – фотографии од патувања, важни документи, приватни разговори, пораки… Но со Samsung Knox, сите тие информации остануваат заклучени, дури и ако некој го држи вашиот уред во рака. Knox ги шифрира податоците на телефонот и ги прави недостапни за неовластен пристап – вистински дигитален сеф што патува со вас.

Во канцеларија, пак, користењето на еден уред за приватно и службено станува секојдневие. Knox овозможува одвојување на личните и деловните податоци преку безбеден „контејнер“. Така, можете да си го проверите Instagram профилот на пауза, а службените документи да останат целосно заштитени од надворешни ризици.

Кога станува збор за апликации, Knox овозможува само доверливи апликации да бидат инсталирани. Ова значи дека нема случајно симнување на апликација која ќе внесе вирус или ќе украде податоци. Колку пати ви се случило, кога инсталирате нова апликација на вашиот Galaxy Z Fold7, веднаш да сте бомбардирани со барања за дозволи. „Дали дозволувате пристап до вашите фотографии?“ – иако сакате само да испратите едно меме.

samsung-4442-ps1

Со најновата иновација, Knox Enhanced Encrypted Protection (KEEP), Samsung оди чекор понатаму. Секојдневно користејќи различни апликации секојдневно – од банка и фитнес, па сè до апликација за испорака на храна, секоја од нив чува дел од вашата приватност: пин кодови, здравствени податоци, адреси за достава. Со KEEP, сите тие информации се сместени во шифрирани, апликациски-специфични простори во најбезбедниот дел од телефонот. Тоа значи дека апликацијата за фитнес никогаш нема пристап до вашите банкарски информации, ниту пак апликацијата за нарачка пица може да ги види вашите здравствени податоци. Секој има своја „соба“, заклучена и недопирлива за другите – исто како дома кога секој член на семејството има своја клучалка за приватност.

А ако телефонот се изгуби? Knox овозможува далечинско бришење, со што вашите чувствителни информации исчезнуваат пред да паднат во погрешни раце.

Galaxy AI и Knox работат рака под рака: додека AI ви го олеснува секојдневието со преводи, бришење шумови од вашите снимки или паметно едитирање фотографии, Knox ја чува позадината безбедна. Биометриската автентикација и повеќестепените заштити на вашиот Galaxy S25 (или на кој било модел на Galaxy телефон од поновите генерации) гарантираат дека пристап има само сопственикот, а усогласеноста со регулативи ви носи мир на умот, и за компании и за поединци.

Во свет преполн со дигитални закани, Samsung ви нуди нешто повеќе од технологија – ви нуди сигурност да живеете слободно.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.