Токму со овие нови комбинации Nespresso оваа година нè воведува во празничната магија. На специјализиран настан за љубителите на кафе, нивната coffee амбасадорка одржа мастер-клас каде ги подготвуваше новите рецепти и го откриваше секој чекор во процесот на создавање совршени вкусови. Уживавме во празнични шолји украсени со златна прашина, цветни ноти и празнични перли – вистинска ритуална подготовка што веднаш ја донесе празничната атмосфера. Сето тоа беше придружено со внимателно избрани слатки и солени залчиња во истиот ароматичен профил како Festive Nespresso кафето. Магијата официјално пристигна.
Ателје на чудата
Оваа година, Nespresso ја слави магијата на вкусот – секој ритуал, секој мал момент, секое празнично собирање каде кафето ја игра главната улога. Лимитираната празнична серија е спакувана во живописна амбалажа, дело на кениската уметница Thandiwe Muriu, инспирирана од цветот на кафето.
Со ова, Nespresso го претставува својот Atelier of Wonders – празничен свет исполнет со моменти на радост, очекување, избирање совршени подароци и подготвување неодоливи рецепти за големиот празничен ден. Бидејќи празниците не се само еден ден – туку секој мал волшебен момент што води до него. И токму затоа, инспирацијата нè тера да го внесеме овој празничен „ателје на чудата“ и во нашиот дом.
Неодоливиот Advent календар
Оваа година, покрај празничната Festive колекција на лимитирани кафиња – Festive Espresso (Original), Festive Double Espresso (Vertuo), како и ароматизираните Sweet Almond & Hibiscus и Cinnamon & Candied Tamarind – Nespresso го претстави и својот неодолив Advent календар.
Осмислен за откривање нови вкусови и за повторно уживање во старите фаворити, календарот носи ново мало изненадување секој ден – а последниот ден криe специјален подарок.
А Nespresso апаратот е подарок кој никогаш не излегува од мода: го збогатува секојдневното уживање во кафе, без разлика дали го избирате софистицираниот Vertuo Plus или компактниот и елегантен Essenza Mini.
Завирете во празничниот свет на Nespresso и дозволете ја магијата на создавањето вкусови да стане дел од вашиот дом.