Оваа година фокусот не е на луксузните ризорти, туку на недопрената природа, тиркизните тонови и дестинациите кои сè уште не се жртва на масовниот туризам.
Европски шампиони: Грција, Шпанија и Италија
Победничкиот пиедестал го зазеде Грција, но не преку популарните Миконос или Санторини. За најубава во Европа е прогласена плажата Фтери на Кефалонија. Овој бисер на Јонското Море ги освои истражувачите со своите драматични бели карпи и вода толку бистра што потсетува на базен.
Веднаш зад неа се наоѓа шпанската Cala Macarella на Менорка, додека третото место го држи италијанската Cala Dei Gabbiani на Сардинија – дестинација која со својот пејзаж и бели камчиња сериозно им парира на тропските егзотични острови.
Јадранскиот брег во фокусот
Јадранскиот регион продолжува да доминира на листата на најпосакувани европски точки, со вкупно шест претставници меѓу првите 50:
- Хрватска како лидер во регионот: Дури пет плажи се најдоа на листата. Најдобро котирана е плажата Подраче (14-то место), а ја следат познатата Пасјача, симболот на Брач – Златни рат, како и Пунта Рата и Сакарун.
- Црногорски претставник: Црна Гора на оваа престижна листа ја брани плажата Јаз. Сместена во близина на Будва, овој простран спој на песок и камчиња е препознаен по своето специфично опкружување кое со години привлекува туристи од целиот свет.
ТOП 10 европски плажи за 2026 година:
- Fteri Beach (Грција)
- Cala Macarella (Шпанија)
- Cala dei Gabbiani (Италија)
- Kaputaş (Турција)
- Porto Katsiki (Грција)
- Santa Giulia (Франција)
- Playa Cofete (Шпанија)
- Praia da Falésia (Португалија)
- Porto Timoni (Грција)
- La Pelosa (Италија)
Овогодишната листа испраќа јасна порака – вистинскиот луксуз веќе не се наоѓа во „златните славини“, туку во тишината на боровите шуми и мирот на скриените заливи. За македонските туристи, добрата вест е што некои од најубавите глетки во светот се наоѓаат на само неколку часа возење или краток лет од Скопје.
Извор: bizlife.rs