Во очекување на финалните резултати на престижните Wine Travel Awards (кои ќе бидат објавени на 1 мај), јавноста веќе го даде својот суд. Euronews Travel ги претставува винариите и регионите кои ќе ја одбележат 2026 година.
Винарии кои мора да ги посетите
SHUMI Winery (Грузија)
На врвот на листата се наоѓа винарија од колепката на винарството. Грузија негува традиција долга 8.000 години, а SHUMI е место каде што можете да научите сè за qvevri техниката (ферментација во глинени садови) која е под заштита на UNESCO. Овде се наоѓа и првиот музеј на виното во земјата, како и најголемата приватна колекција на сорти лоза во светот.
Venissa Estate (Италија)
Заборавете на метежот во Венеција. На островот Мацорбо во венецијанската лагуна се наоѓа лозје опкружено со ѕидини. Со само пет соби, овој имот нуди ексклузивно искуство на дегустација на автохтоната сорта Dorona, која расте во специфичните услови на лагуната.
Bodega La Luz del Vino (Аргентина)
Сместена во подножјето на Андите, во познатата долина Уко, оваа винарија ги поседува најстарите лозја во регионот. Нивниот terroir на вината им дава единствен печат кој вљубениците во моќни црвени вина не смеат да го пропуштат.
Champagne Joseph Perrier (Франција)
Ако сте љубител на меурчиња, ова е адресата за вас. Оваа семејна куќа за шампањ од 1825 година била официјален снабдувач на кралицата Викторија. Турата вклучува обиколка на гало-римските визби од 4 век и дегустација на нивните престижни етикети.
Најдобри вински региони во 2026 година
- Burgenland (Австрија)
- California Wine Country (САД)
- Романија
- Valpolicella (Италија)
Винскиот свет се шири, а 2026 година е вистинското време да ги истражите дестинациите кои спојуваат илјадагодишна историја и модерен луксуз. Без разлика дали ја избирате древната Грузија или гламурозната Италија, едно е сигурно во овие региони се пие најдоброто вино.
Извор: bizlife.rs