Бизнис хороскоп за мај: Кој добива покачување, а кој уште еден состанок?

Мај е месец кога природата цвета, а очекувањата на вработените растат побрзо од буџетот на компанијата. Некаде помеѓу првомајските празници и враќањето во реалноста, многумина ќе го постават истото прашање: дали конечно дојде време за покачување или барем за помалку состаноци?

finansiski-horoskop-5644

Извор: ChatGPT Image

Ѕвездите можеби имаат одговор, но корпоративната реалност секогаш го има последниот збор.

Овен

  • Покачување: Во најава, исто како и твојот план „малку да забавиш“.
  • Реалност: Добиваш уште еден проект затоа што „ти тоа го можеш најбрзо“.

Бик

  • Покачување: Заслужено, но останува во доменот на теоријата.
  • Реалност: Добиваш состанок на тема „оптимизација на трошоците“ (твоите).

Близнаци

  • Покачување: Зависи која верзија од приказната на кого си му ја кажал.
  • Реалност: Три состаноци дневно, ниту еден со јасен заклучок.

Рак

  • Покачување: Емотивно очекуваш признание.
  • Реалност: Добиваш едно „фала ти многу, многу му значиш на тимот“ без бројки.

Лав

  • Покачување: Сите мислат дека веќе си го добил.
  • Реалност: Добиваш јавна пофалба и приватна дополнителна задача.

Девица

  • Покачување: Математички е потполно оправдано.
  • Реалност: Ги добиваш туѓите грешки на корекција и уште еден Excel.

Вага

  • Покачување: Можеби, ама „не е вистинскиот момент“.
  • Реалност: Уште еден состанок за да се „усогласиме“ без епилог.

Скорпија

  • Покачување: Знаеш точно кој го добива. Не си ти.
  • Реалност: Добиваш информации кои никој друг ги нема и ги користиш.

Стрелец

  • Покачување: Планираш да го побараш… следната недела.
  • Реалност: Добиваш уште еден „call“ додека машташ за одмор.

Јарец

  • Покачување: Изгледа како логичен следен чекор.
  • Реалност: Добиваш уште една задача „кога ќе стигнеш“ (што значи веднаш).

Водолија

  • Покачување: Твојата идеја би можела да го донесе.
  • Реалност: Добиваш дополнителна работа бидејќи си „најсигурен“.

Риби

  • Покачување: Надеж постои.
  • Реалност: Состанокот ти поминува во размислување за смислата на животот, кимнуваш на крајот и велиш „важи“.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.