Микеле Зуин, градски советник задолжен за буџет и оданочување, смета дека сегашниот надомест, кој се движи меѓу пет и 10 евра, е премногу низок за борба против прекумерниот туризам.
Советникот прецизираше дека се споменувало зголемување дури и до 50 евра, но додаде дека властите би можеле да се договорат за нов максимален износ од 30 евра за 2027 година, пренесува британската агенција Reuters.
Оваа туристичка такса, која се применува само за еднодневните посетители, беше воведена во 2024 година, што во тоа време беше прва такса од ваков вид во светот. Оние што резервираат однапред можат да добијат пониска цена.
Во градот кој долго време се соочува со прекумерен туризам и намалување на бројот на жители, локалните власти наведуваат дека целта на оваа мерка е да ги поттикне посетителите да ги избегнуваат најфреквентните периоди во годината, како што е празникот Први мај.
Извор: bizlife.rs