За изработка на листата, уредниците и соработниците на National Geographic ширум светот избираа дестинации кои, како што наведуваат, „откриваат скриени приказни, нови кулинарски ѕвезди и изненадувачки вкусови поради кои патниците повторно се враќаат“.
Остров кој ги спојува планините, морето и една од најздравите кујни во светот
Крит е првата европска дестинација на овогодинешната листа и важи за еден од најважните центри на медитеранската исхрана. На островот растат околу 40 милиони стебла маслинки, а комбинацијата од планини, море и изобилство од сонце обликувала кујна богата со сезонско овошје и зеленчук, како и со едно од најквалитетните екстра девствени маслинови масла во светот.
Сезонската понуда на намирници се менува во текот на годината од пролетен грашок и шпаргли, преку летни домати, тиквички и компири, па сè до зимски коренести култури и авокадо.
Критската кујна се смета за една од основите на научно утемелената медитеранска исхрана, со нагласок на растителната храна и минималната употреба на преработени производи. Во внатрешноста на островот, како што наведува National Geographic, гастрономијата станува уште поавтохтона.
Извор: Magnific/arbiwiratama
Традиционални вкусови: од сирење до полжави
Крит е познат и по богатата млечна традиција. Меѓу специјалитетите се издвојува „стака“, прочистен путер од овчо или козјо млеко, како и разни сирења како мизитра и други локални варијанти.
Едно од најпознатите јадења е буреки од Ханија слоевито јадење со компири, тиквички или тиква, сирење и нане. Тука е и креатотурта, месна пита од јагнешко или јарешко месо, зачинета со сирење и ароматични билки.
На островот полжавите се јадат уште од праисторијата, а најпознатото јадење е chochlioi boubouristi полжави пржени во маслиново масло со рузмарин и оцет. За десерт често се послужува калицунија лихнаракија, слатки пити полнети со сирење, мед и цимет.
Извор: Magnific/wirestock
Каде да се јаде на Крит
Меѓу препорачаните ресторани се истакнува La Bouillabaisse, познат по сезонското мени и погледот кон заливот Мирабело, како и по традиционалното јагнешко клефтико.
Во Ираклион се препорачува и Thigaterra, ресторан кој ја негува „сига сига“ филозофијата на бавно, одржливо готвење со органски состојки.
National Geographic посебно ја издвојува и таверната Chrisostomos, позната по обилните порции и традиционалното јагнешко цигаријасто.
Дестинации кои влегоа во „Best of the World 2026“
Покрај Крит, National Geographic издвои уште низа дестинации кои се препорачуваат за патувања во 2026 година:
- Келоуна, Канада
- Оаху, Кауаи и Мауи, Хаваи, САД
- Буон Ма Туот, Виетнам
- Чешка
- Лакнау, Индија
- Северна Колумбија
- Јужна Тасманија, Австралија
- Сингапур
- Сомерсет, Англија, Велика Британија
- Сонора, Мексико
- Бозджада, Турција
- Минеаполис, САД
- Кејптаун, Јужна Африка
- Лондон, Велика Британија
Извор: bizlife.rs