Сепак, по бројни критики поврзани со безбедноста и практичноста, се чини дека се случува пресврт. Сè повеќе брендови сфаќаат она што возачите одамна го знаат: за основните команди ништо не може да го замени старото, добро физичко копче. Последен во низата што се враќа на основите е францускиот производител на спортски автомобили, Alpine.
Приоритет на возењето, а не на екраните
Веста ја објави Autocar, кој разговараше со главниот дизајнер на Alpine, Антонио Вилејн. Тој потврди дека претстојниот спортски модел A110, како и идните спортски автомобили на брендот, ќе дадат приоритет на физичките контроли. Како што објасни, кога фокусот е на самото искуство на возење, контролите мора да бидат „инстинктивни“.
Иако истото може да се каже за било кој автомобил бидејќи секунда помината во барање на клима опции или гласност на екран може да биде потенцијална опасност – задоволството од динамичното возење не треба да се прекинува со фрустрирачко „копање“ низ инфотејнмент менија. Промените ќе започнат со следната генерација на A110, а потоа ќе следат и другите модели.
Големите играчи го следат примерот
Alpine не е сам во овој пресврт. Списокот на производители кои сфаќаат дека екраните не се решение за сè расте.
- Ferrari: Италијанскиот гигант ги напушти контролните елементи на допир на воланот со новиот модел Amalfi и се врати на класични, физички копчиња. Новиот, редизајниран волан може да се вгради и во постари модели како Roma, кои претходно користеа критикуван интерфејс.
- Hyundai: СангЈуп Ли, извршен потпретседател и шеф на глобалниот дизајн за Hyundai и Genesis, јасно стави до знаење дека компанијата ќе остане доследна на физичките контроли за клучните функции. Според него, тие се едноставно побезбедни и полесни за користење. Иако има несогласувања во рамки на компанијата (европскиот технички центар сè уште гледа иднина во екраните), се верува дека Лиевото мислење ќе преовлада.
- Volkswagen: Дури и Volkswagen, кој со години беше жестоко критикуван поради своите неинтуитивни контроли на допир и бавен софтвер кај моделите Golf 8 и ID, прави заокрет. Софтверот е значително подобрен, а физичките копчиња се враќаат во голема мера. Ова беше најавено со концептот ID.2all, кој има класично тркало за регулирање на звук, а компанијата потврди дека слични решенија ќе има и кај сериските модели, вклучително и кај најновиот Tiguan.
По години дигитализација, автомобилската индустрија се враќа на основите – не поради носталгија, туку поради безбедност и функционалност. Возачите, изгледа, конечно се слушнати.
Извор: bizlife.rs