Роботски задник – Samsung го спроведува најчудниот тест за издржливост на телефони досега

Во седиштето на компанијата Samsung во јужнокорејскиот град Сувон се одвиваат тестови на паметни телефони кои повеќе наликуваат на сцена од научнофантастичен филм отколку на лабораториска процедура – вклучувајќи и робот со задник облечен во фармерки кој симулира човек што повеќепати седнува врз телефон.

samsung-3523-fi

Извор: Unsplash

Овој необичен метод е само една од бројните тестирачки процедури во лабораторијата за контрола на квалитет на мобилни уреди на Samsung, каде што телефоните се изложуваат на ригорозни услови за да ја докажат својата издржливост пред да стигнат до рацете на корисниците.

Во оваа лабораторија, телефоните се тестираат на екстремни температури, отпорност на падови, квалитет на звук преку кукли кои „разговараат“, како и однесување на екраните и батериите во различни ситуации. Но, најголемо внимание сепак привлекува токму прочуениот „роботски задник“, чија цел е да провери колку телефон може да издржи секојдневни незгоди – на пример, кога ќе го заборавите во задниот џеб и ќе седнете врз него.

Како што наведува CNN, овој симпатично бизарен тест всушност покажува колку далеку оди Samsung во својата посветеност да им обезбеди на корисниците квалитетни и долготрајни уреди. Бидејќи, ако телефон преживее механичка „седечка“ тортура во лабораторија – најверојатно ќе ја преживее и вашата секојдневица.

Значи, следниот пат кога случајно ќе седнете врз вашиот телефон – сетете се дека тој веќе имал тренинг со робот.

Извор – bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.