DotSWOOSH, одделот на Nike за виртуелни производи, ја интригираше јавноста со нова објава на социјалните мрежи, најавувајќи таинствен заеднички проект.
Таинствената објава го привлече вниманието на многумина
Nike сподели кратко пикселизирано видео што прикажува необична сцена: компјутерска маса поставена во природа, со препознатливото Nike лого на екранот. Она што особено го привлече вниманието беше објектот во десниот агол од масата бело-сив контролер што многу личи на DualSense контролерот од PlayStation 5.
Објавата беше проследена со загатлива порака:
„Сезоната на заклучување се приближува. Одбројувањето започнува…“
Иако не беа откриени дополнителни детали, фановите веднаш почнаа да шпекулираат што би можело да значи ова:
„Што значи ова?“, „Веројатно нови патики инспирирани од игра“.
Ова не е првпат да кружат гласини за соработка меѓу овие два бренда. Уште во јули 2024 година по интернетот се појавија шпекулации за можно повторно издавање на легендарните Nike Air Force 1 Low PlayStation патики, но до денес ниту една компанија не го потврди тоа.
Извор: bizlife.rs