AOL по повеќе од 30 години ја укинува „dial-up“ интернет услугата

AOL, пионерот на интернетот кој првпат ги поврза милиони Американци на мрежата, ја укинува својата „dial-up“ интернет услуга следниот месец. Компанијата, која во деведесеттите и почетокот на 2000-тите години го донесе интернетот до широките народни маси, неодамна на својата веб-страница објави соопштение дека „редовно ги оценува своите производи и одлучила на 30 септември да ја укине ‘Dial-up Internet’“ со што се завршува повеќе од три децении работење.

AOL-4194-fi

Извор: Freepik

AOL постојано ја нудеше „dial-up“ услугата


Иако широкопојасниот и безжичниот интернет одамна станаа главен начин за пристап до мрежата, AOL никогаш не престана да ја нуди својата бавна услуга за поврзување преку фиксна телефонска линија. Податоците од американскиот попис од 2023 година покажуваат дека околу 160.000 луѓе сè уште користат интернет преку фиксен телефон.

Од прочуеното „You’ve Got Mail“ до серијата „Sex and the City“, интернетот на AOL беше составен дел од поп културата на деведесеттите, а особено се паметеше по препознатливите тонови, пискот и шкрипење при поврзувањето. Компанијата, исто така, редовно ги затрупуваше поштенските сандачиња со CD-а со бесплатни пробни периоди за пристап до интернет.

Сепак, слично како и „dial-up“ интернетот, и самиот AOL денес е само сенка од некогашната компанија. Неговата популарна услуга за интернет допишување, AIM, беше укината во 2017 година, а AOL во меѓувреме смени повеќе сопственици.

Еднаш се спои со тогашниот сопственик на CNN, компанијата Time Warner, во една од најпознатите неуспешни аквизиции во бизнис историјата. Денес е во сопственост на приватна инвестициска фирма која го поседува и Yahoo.

AOL некогаш беше познат под името America Online. Портпаролот на компанијата изјави дека „оваа промена не влијае на бројните други вредни производи и услуги до кои корисниците сè уште можат да имаат пристап и да уживаат во нив како дел од своите пакети.“

Извор: web-mind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.