Обележете го јуни во вашите календари, бидејќи првите продавници на Pepco во Скопје се подготвени да станат дестинација број еден за сите што бараат квалитетна облека и производи по најдобри цени на пазарот. Со ова, Скопје станува дел од големата приказна на брендот кој веќе 22 години ги освојува срцата на потрошувачите низ цела Европа.
шопинг
Повеќе
Сте се запрашале ли некогаш зошто речиси секоја прошетка низ град завршува во шопинг мол и уште почесто со барем една кесичка во рака? Дали навистина ни требаше нов пар чевли, нов парфем, или само ни требаше чувство дека постоиме во овој забрзан свет? Некогаш местата за собирање беа плоштадите, библиотеките,паркови. Денес? Шопинг моловите. Стаклени универзуми полни со брендови, светла и мириси што мамат, без разлика дали си тргнал да купиш или „само да прошеташ“, големи се шансите дека ќе излезеш со кесичка во рака.
Google повторно го менува начинот на кој ги доживуваме технологијата и секојдневниот живот, но овој пат преку револуционерен алат кој овозможува виртуелно пробување облека со помош на вештачка интелигенција. Новата функција е достапна преку Search Labs во САД и им дозволува на корисниците да прикачат своја целосна фотографија за да видат како одредена облека би им стоела директно на нивните тела.
All articles loaded
No more articles to load