Во светот на стартапите, често се вели дека најдобрата идеја е онаа што решава реален проблем. Токму таква е приказната на тимот Smart Pill – победниците на овогодинешниот Startup Weekend Ohrid. Млади, амбициозни и мотивирани од лична и општествена потреба, тие ја создадоа идејата за паметен диспанзер за лекови – уред и апликација кои им помагаат на луѓето навремено да ги земаат своите терапии.