Колегите кои секогаш наоѓаат заеднички јазик, знаат како да смират незадоволни клиенти и умеат да внесат ведрина во работната атмосфера – можеби се токму тие што се вработени поради својата личност. „Хемијата“ во една компанија зависи од бројни фактори, но таа има непроценливо влијание врз квалитетот на работата.