Уште од тинејџерските денови, холивудските романтични комедии нè учеа на едно специфично правило: мажот и жената се гледаат со месеци, за дури по некое време да си го постават судбоносното прашање – „are we exclusive?“, што подразбира дека се официјално во врска. Она што некогаш ни делуваше како далечен американски концепт, денес е нашето секојдневие.