До пред само десет-петнаесет години, интерните комуникации имаа пасивна улога – истите служеа да се информираат вработените за важни случувања во компанијата. Во стручните медиуми не се зборуваше за интерните комуникации, а во науката само повремено можеше да се најде некој добар текст. И тоа беше сè. Некакo, сите светла беа насочени кон екстерниот ПР.