Одморот е бегство од канцеларијата, но е-поштата нè следи насекаде… ако ѝ дозволиме. За оние што секојдневно се борат со пренатрупаниот инбокс, ниту игнорирањето, ниту постојаната достапност не звучат како идеални решенија. Затоа многумина се обидуваат да најдат златна средина. Но дури и повременото проверување пораки на одмор „речиси секогаш е лоша одлука“.