врска

Повеќе

Многу сексуални фантазии што луѓето ги чуваат за себе или се срамат да ги споделат со партнерот, всушност не се ништо невообичаено. Напротив, тие се почести отколку што мислиме. Истражувањата покажуваат дека најчесто се поврзани со интимност на необични места, привлечност кон некој друг, како и со динамика на доминација и препуштање.
Со текот на времето сите сфаќаме дека интимните односи многу ретко се случуваат спонтано, како во филмовите. Таму доволен е еден поглед, искрата веднаш пламнува и следниот момент ликовите веќе страстно ја кинат облеката. Во реалниот живот, потребно е многу повеќе од поглед, а кинење облека едноставно не е опција (ниту е практично). Негувањето на партнерскиот однос не се случува само од себе. А иницирањето интимност е важен дел од таа нега.
Последниве години за самотијата во смисла на живот без партнер (па и без деца) сè повеќе се зборува во позитивен контекст. Сингл статусот веќе не се изедначува со голема црвена ознака FAILED (неуспех) преку животот на жената. Многу животни примери покажуваат дека слободните жени не се ниту осамени, ниту очајни, ниту неуспешни. Напротив, често се многу задоволни со себе, живеат исполнет живот и изгледаат одлично. Дали сингл статусот е новата формула за продолжена младост и виталност?
All articles loaded
No more articles to load