Откако минатата есен достигна историски рекорд од 126.000 долари, биткоинот падна на нешто повеќе од 60.000 долари. Со ова, од пазарот е збришана вредност од над 1,2 трилиони долари за само осум месеци.
Биткоин
Повеќе
Интернетот има посебен талент од траги да создаде виновник, а од виновник да направи објаснување за сè. Така Џефри Епстин изминативе денови повторно се најде во насловите, овој пат во иста реченица со Биткоин и неговиот основач, Сатоши Накамото. Механизмот е едноставен: се појавува документ, имејл или белешка што покажува дека бил во контакт со луѓе од крипто-светот, и интернетот веднаш скока на најпривлечната теза Епстин е Сатоши.
Една од најпрестижните светски авиокомпании, Emirates Airlines, објави дека од 2026 година ќе им овозможи на патниците да плаќаат авионски карти со криптовалути. Во партнерство со платформата Crypto.com, Emirates ја вклучува дигиталната валута на својата официјална листа на методи за плаќање, чекор со кој авиоиндустријата влегува во нова ера.
Во 2019 година, една локална крипто иницијатива во Ел Салвадор имала амбиција да ја создаде првата локална економија базирана на биткоин. Таа иницијатива ја инспирирала националната политика, привлекла внимание од светот и ги променела животите на младите во заедницата. Денес, во тивкото гратче Ел Зонте кое сега го носи прекарот Bitcoin Beach, посетителите можат лично да го доживеат овој експеримент.
Творецот на биткоин, мистериозниот Сатоши Накамото, со години е невидлив за јавноста, но неговото богатство не останало незабележано. Проценките велат дека поседува повеќе од еден милион биткоини, што го вбројува меѓу најбогатите луѓе на светот иако нема ниту една негова фотографија, изјава или потврден идентитет.
Кој е Сатоши Накамото? Визионер, гениј, дух на интернетот или само псевдоним за група програмери? Документарниот филм Satoshi: The Man Behind the Code се занимава со една од најголемите мистерии на современата технологија – идентитетот на личноста која го создала биткоинот, дигиталната валута која засекогаш го промени светот на финансиите.
All articles loaded
No more articles to load