Што ако првото интервју ти заврши со „не“? Што ако патот до соништата не е патека, туку лавиринт? За Филип Мишевски, одговорот е едноставен: продолжуваш понатаму. Од љубов кон фотографијата и дизајнот, преку првите работни искуства во Македонија, па до лидерска улога во Booking.com, неговата приказна покажува дека понекогаш најважното нешто е да не се откажеш после првиот обид.