Американската технолошка компанија Meta ја претстави новата генерација на големи ВИ јазични модели – Llama 4. Новата серија вклучува модели наречени Llama 4 Scout, Llama 4 Maverick и Llama 4 Behemoth, и носи значајни подобрувања во разбирањето на јазикот, обработката на податоци и мултимодалните способности, што овозможува нивна примена во широк спектар на апликации – од деловни алатки до креативни платформи.