Ai

Повеќе

На TikTok сè поголемо внимание е насочено кон Glam AI, апликација која користи вештачка интелигенција за креирање фотографии и кратки видео содржини. Идејата е едноставна: корисникот поставува своја слика, а алгоритмот ја трансформира во визуелно атрактивни верзии со ефекти кои потсетуваат на професионално фото-снимање. Бројните филтри, анимации и можноста за менување позадини ја направија апликацијата популарна меѓу помладата публика и креаторите на содржини кои сакаат брзи и впечатливи резултати.
Масовните отпуштања поради навлегувањето на AI технологијата создаваат страв кај луѓето дека нивните работни места ќе станат излишни. Како да се изберат студии и кариера кога постојано живееме во страв дека ќе бидеме заменети? Двајца истражувачи од MIT Sloan помогнаа да се промени перспективата, а нивната работа им даде надеж на луѓето.
Употребата на вештачка интелигенција во пишувањето код го забрзува развојот на софтвер, но ги менува улогите во тимовите, а искусните програмери сè почесто стануваат надзорници и коректори на AI алатките. И покрај предизвиците и ризиците, многумина тврдат дека предностите далеку ги надминуваат недостатоците.
Истражување на Универзитетот Пенсилванија открива дека современите AI модели лесно можат да бидат „измамени“ со класични психолошки трикови како ласкање, групен притисок и лажен авторитет. Резултатите отвораат сериозни прашања за безбедноста и доверливоста на системите што ги користиме секојдневно.
Европскиот стартап Mistral AI, со седиште во Париз, за кратко време се проби во самиот врв на индустријата за вештачка интелигенција. По новите инвестиции и развојот на алатката „Le Chat“, сè почесто се поставува прашањето, дали овој француски конкурент може сериозно да ја загрози доминацијата на американскиот ChatGPT?
Кога TIME ја објави листата TIME100 AI 2025, стана јасно дека вештачката интелигенција повеќе не е само технолошки тренд, туку глобална трка во која учествуваат компании, држави, научници и уметници. Годинашната листа ги обединува имињата што се во епицентарот на развојот, регулацијата и критиката на AI технологијата. На неа се наоѓаат директори на најголемите технолошки компании, но и визионери кои ја користат AI како уметничко средство.
All articles loaded
No more articles to load