Ai
Повеќе
Компанијата Canva во понеделникот објави дека ги презема стартапите Cavalry и Mango AI, со цел да ги прошири своите можности во областа на анимацијата и оптимизацијата на маркетинг кампањ, пренесува Techcrunch.
Зимските олимписки игри Милано Кортина 2026 ќе бидат многу повеќе од борба за медали. Тоа ќе биде демонстрација за тоа како изгледа спортот во моментот кога камерата влегува во патеката заедно со спортистот, а вештачката интелигенција презема дел од режијата. Од FPV дронови и AI репризи, до дигитални асистенти и одржлив, „проѕирен“ факел, овие Игри најавуваат промена на начинот на кој го гледаме, го разбираме и доживуваме олимпискиот спорт.
Во Њујорк ќе се одржи „pop-up“ настан кој се рекламира како првото во светот AI дејтинг кафуле, простор дизајниран специјално за средби на луѓето и нивните вештачки партнери. Настанот под името EVA AI Café ќе биде организиран во Same Same Wine Bar во Hell’s Kitchen и е замислен како целосно нов концепт на излегување за Денот на вљубените, каде што гостите доаѓаат сами и комуницираат со својот AI сопатник преку апликација.
Meta најави дека ќе започне со тестирање на премиум претплати на Instagram, Facebook и WhatsApp, со воведување дополнителни функции и напредни AI алатки за корисниците кои ќе бидат подготвени да платат. Основните услуги остануваат бесплатни, но компанијата јасно порачува дека иднината на нејзините платформи повеќе нема да зависи исклучиво од огласите.
Како што AI прелистувачите и асистентите сè почесто ја преземаат улогата на пребарување, сумирање, па дури и извршување задачи наместо корисниците, расте и ризикот од напади што го користат токму она што AI најдобро „го консумира“ јазикот.
All articles loaded
No more articles to load