Ai

Повеќе

Ако мислевте дека најголемата AI револуција е тоа што сега можете да разговарате со четбот, оваа недела покажа дека веќе сме отишле многу подалеку. AI доби задача да реши математички проблем што речиси 90 години им задава мака на луѓето, истражувачи предупредуваат дека развојот на суперинтелигенција би можел да го загрози човештвото, AI агенти за време на тестирања правеле работи што никој не им ги побарал, а Индија подготвува систем во кој вештачката интелигенција ќе може да извршува финансиски трансакции наместо луѓето.
Скопје на 22 и 23 септември ќе собере меѓународни експерти и професионалци од различни области на вештачката интелигенција на AI Tech Summit „Filip Avramchev“ Skopje 2026, кој ќе се одржи во Националната опера и балет.
Измамата започнува со предупредување дека вашиот компјутер е заразен или дека некој се обидел да пристапи до вашата банкарска сметка. Завршува така што самите префрлате пари, купувате злато или им давате пристап до уредот на луѓе кои цело време ве лажеле.
Вештачката интелигенција веќе влегува во болниците, но нејзината најголема промена можеби нема да биде во тоа што ќе ги „чита“ снимките наместо лекарите. Многу поважно би можело да биде тоа што ќе го промени начинот на кој радиолозите донесуваат одлуки, ја организираат работата и го користат своето време.
До крајот на деценијата купувањето би можело да изгледа целосно поинаку. Наместо самите да бараме производи, да споредуваме цени и да внесуваме податоци за плаќање, дел од тие задачи би можеле да ги преземат AI агенти кои ќе купуваат според правилата што ние ќе им ги зададеме.
Њујорк воведува едногодишен мораториум на користењето генеративна вештачка интелигенција за учениците од предучилишна возраст до осмо одделение, додека средношколците ќе учат како да користат AI под строги ограничувања и надзор од наставниците.
All articles loaded
No more articles to load