Во нешто што наликува на модерна верзија на древната алхемија, научници од најголемиот центар за истражување на елементарни честички – ЦЕРН, во рамките на експерименти со Големиот хадронски судирач (LHC) во близина на Женева, успеале да постигнат нешто за што средновековните алхемичари можеле само да сонуваат – претворање на олово во злато.