Стрес

Повеќе

Што ви помага да се опуштите на крајот од денот? Дали се тоа грицки со омилената серија? Или можеби јога и пишување дневник? Или чаша вино што ве опушта и благо ве „олеснува“? Што и да правите за да го отпуштите дневниот стрес, вкусните и здрави смирувачки напитоци можат да ви помогнат полесно да се подготвите за спиење.
Работата игра значајна улога во нашиот живот ни дава чувство на вредност, исполнетост и самопочит. Но, стресните ситуации на работа се секојдневие за секого, во поголема или помала мера. Сепак, не реагираме сите еднакво.
Замислете ја следнава сцена: понеделник напладне, директорот седи на маса, маилови во инбокс не престануваат да стигаат, телефоните ѕвонат, купишта информации се менуваат во реално време, тимот чека инструкции и зелено светло за да продолжи со работа, а во синџирот на одлучување и реализација, една информација зависи од друга. Тој ги отвора извештаите, се занимава со неважни работи, а крупните одлуки стојат.
Сигурно сте се нашле во ситуација кога не можете да се сетите каде сте го оставиле клучот, кога ви истекува важен рок или што сте сакале да кажете на состанок – а сепак, јасно се сеќавате на нечија маица со жирафи од пред три години или песната што свирела додека сте чекале ред во банка. Овој феномен не е само забавна анегдота, туку има подлабоки психолошки и невролошки причини.
Животот во Кина за многумина е тежок, толку тежок што некои возрасни прибегнуваат кон однесување од раното детство. Според извештајот на South China Morning Post, сè поголем број Кинези трошат и до 70 долари на цуцли-лажливка за возрасни, кои се прилагодени за возрасна уста.
Зад навидум „обичен“ работен ден се крие сериозна закана по здравјето – стресот на работното место, покажува нова студија спроведена од д-р Џефри Пфер (Станфорд) и д-р Џоел Го (Харвард).
All articles loaded
No more articles to load