Министерството за образование и наука и ЗЕЛС потпишаа Меморандум со социјално одговорните компании Бамби и Пивара Скопје, според кој над 21.000 првачиња кои ќе го започнат своето школување на 1 септември, ќе добијат подарок пакетчиња со производи од Плазма и Роса.
Пивара Скопје
Повеќе
РЕЗУЛТАТИ ОД “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ 2025: Рекордно учество од 55.627 волонтери и повеќе од 645 илјади килограми собран отпад на територија на сите општини во земјава – ова се резултатите од годинешнава, петта јубилејна еколошка акција „Генералка Викенд“ која се одржа од 9 до 11 мај. Во тридневната акција беа вклучени повеќе од 600 владини и невладини организации и институции, со логистичка и партнерска поддршка од голем број компании, обединети во заедничка цел за почиста и поздрава Македонија.
Денеска, на Скопскиот Аквадукт стартуваше најголемата тридневна (9, 10 и 11 мај) годишна национална акција за собирање отпад – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД (волонтерска кампања од граѓани за граѓани), организирана од Мен Енд Маунтен заедно со нивниот главен стратешки партнер Пивара Скопје и официјалните партнери Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасе банка, ЕВН Македонија, Бучим Боров Дол, Макстил, Саубермахер и Костал. ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД се спроведува во сите општини низ целата земја со илјадници волонтери на повеќе од 500 локации.
Кога најетаблираните економски и општествени визионери се собираат под еден покрив, знаеме дека се креираат идеи што ја обликуваат иднината. The Economist MeetUp, грандиозно ја затвори 2024-та обединувајќи ги најистакнатите лидери од земјава и регионот.
Трета година по ред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Национални шуми посветуваат по едно дрво за секои 10 килограми собран отпад за време на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД.
Заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак, Мен енд Маунтен оваа година по четврти пат ја организираше GENERALKA WEEKEND, најголемата еколошка акција во Македонија и на Западен Балкан, во која беа собрани рекордни над 300 тони отпад.
All articles loaded
No more articles to load