Од скромни почетоци до лидерски позиции во некои од најголемите светски компании – приказната на Магдалена В. Пандилоска е инспиративна лекција за храброст, истрајност и стратешко размислување. Пред дваесет години, со сопругот, шестмесечното бебе и три куфери, таа пристигна во Торонто, Канада, без работа и без познанства. Но, она што го имаше беше јасна визија и непоколеблива решителност да успее.