Ако сте воспитувани постојано да бидете женствени, љубезни, нежни и пристојни, всушност сте насочени да барате надворешна валидација. И веројатно верувате дека мора да ја заслужите љубовта и правите сè што можете за да бидете сакани. А вашата „внатрешна лудачка“ веројатно е во кафез, под клуч. Заедно со внатрешното дете. Нè учеа дека „лесните“ жени се неморални, а „тешките“ жени се неподносливи. Ниту едните, ниту другите никој не ги сака. И никој не ви кажал дека овие поделби се лажни и служат единствено за да ве заробат, замолчат и припитомат. Да ве заслепат и да не ви дозволат да ја запознаете својата вистинска природа. Дива, непослушна, мрачна, моќна.
жени
Повеќе
Програмата за самодоверба на Schwarzkopf Gliss, која преку спој на едукација и поддршка ги води учесничките на патот кон остварување на нивните професионални и лични цели, ќе се одржи по третпат. Со желба да им понудат на дамите ширум земјата конкретни знаења, алатки и поддршка за зајакнување на самодовербата, компанијата Henkel и брендот Schwarzkopf Gliss одлучија овогодишната Програма да ја подигнат на повисоко ниво.
Денот на жената не е само прилика за цвеќе и честитки, туку и потсетник за огромниот придонес што жените го дале во светот на науката, технологијата и секојдневниот живот. Многу изуми што денес ги земаме здраво за готово настанале благодарение на нивната љубопитност, упорност и храброст да размислуваат поинаку. Од технологијата што овозможува безжична комуникација до практичните решенија што ги олеснуваат секојдневните домашни работи, жените оставиле длабока трага во историјата на иновациите.
Една наизглед мала сцена од новата филмска адаптација на „Орканските висови“ стана вирален хит и тема за разговор на социјалните мрежи, а многу жени ја опишаа како една од најромантичните што некогаш ги виделе. Во центарот на вниманието е актерот Џејкоб Елорди со својата препознатлива разбушавена коса, во кој се чини дека е вљубен добар дел од интернетот.
Повремениот, односно делумниот пост во последните години стекна голема популарност како дел од различни планови за исхрана и детоксикација. Сепак, важно е на него да не се гледа како на уште една диета, туку како на начин на регулирање на метаболизмот што вреди да се испроба со доза претпазливост и внимателно слушање на сопственото тело.
Младите жени сè почесто чувствуваат социјална анксиозност поради користењето на паметни телефони, покажува најновото истражување претставено на Конгресот на Европското психијатриско здружение во 2025 година. Студијата открила дека полот игра значајна улога во развојот на проблематична, психолошка зависност од паметни телефони, при што младите жени особено се склони кон страв од негативно мислење на интернет, како и продолжено користење на телефоните во текот на денот.
All articles loaded
No more articles to load