На денешен ден, во 1997 година, компјутерот на IBM, Deep Blue, го победи светскиот шаховски шампион Гари Каспаров во одлучувачката, шеста партија од реванш-мечот, со што ја запечати конечната победа од 3,5:2,5. Тоа беше момент што засекогаш го промени односот помеѓу човекот и вештачката интелигенција, првпат една машина го совлада актуелниот светски првак во шах, под официјални турнирски услови.