хороскоп

Повеќе

Пред вас е недела во која комуникацијата станува клуч за сè. Неделниот хороскоп за 8-14 јуни 2026 година носи период во кој кажаните зборови ќе имаат поголема тежина од вообичаено, додека младата Месечина во Близнаци кон крајот на седмицата ќе ја отвори вратата за нови идеи, познанства и планови за иднината. Почетокот на неделата го одбележува Месечината во Овен, која поттикнува акција, но и предупредува да не реагирате импулсивно. Наместо расправии и докажувања, многу повеќе можете да постигнете со трпение и дипломатски пристап. Венера во Рак дополнително го става фокусот на семејството, емоциите и односите со луѓето кои ви значат.
Неделниот хороскоп за периодот од 1 до 7 јуни 2026 година носи период во кој многу знаци ќе се обидат да најдат баланс меѓу емоциите, амбициите и потребата за лична стабилност. По интензивната Полна Месечина во Стрелец, енергијата на почетокот на јуни станува посериозна и пофокусирана. Положбата на Месечината во Јарец на самиот почеток на седмицата нè поттикнува појасно да ги дефинираме целите и да размислиме за она што навистина сакаме да го градиме во наредниот период.
Неделата од 23 до 29 мај носи помирна, но многу појасна енергија. По турбулентните астролошки промени во изминатиот период, сега работите почнуваат да си доаѓаат на место. Сонцето и Меркур во Близнаци носат динамика, комуникација, нови идеи и многу движење, па многумина ќе бидат во „мултитаскинг“ режим и постојано меѓу повеќе планови, разговори и одлуки.
Третата декада на мај изобилува со низа транзити кои го поставуваат тонот за оваа недела. Веќе на самиот почеток на неделата, на 17 мај, Меркур уште еднаш го менува знакот и преминува во Близнаци, чиј владетел е. Веќе на 18 мај Марс влегува во стабилниот знак Бик, додека Венера преминува во Рак на 19 мај. Сонцето влегува во Близнаци на 21 мај, отворајќи ја сезоната на родендени на овој воздушен знак и внесувајќи повеќе динамика во сите животни области.
Втората декада на мај започнува наизглед мирно, без големи планетарни поместувања. Минатата недела брзиот Меркур тргна низ Бик, а оваа недела се воспоставува, пред повторно да го промени знакот во втората половина на мај. Исто така, Плутон го започна својот петмесечен ретрограден од во Водолија, во која ќе престојува уште дваесетина години. Марс е при крајот на својот престој во Овен, знакот со кој владее, а сезоната на Овен е во последната декада. Венера ќе премине во Рак следната недела, а оваа завршува на 16 мај со млада Месечина во Бик.
Ретроградниот Плутон во Водолија започнува на 6 мај и трае до средината на октомври 2026 година, отворајќи една од поважните развојни фази во рамките на долгиот циклус. Плутон влезе во Водолија на 19 ноември 2024 година, каде што ќе остане до 8 март 2043 година, насочувајќи го колективното внимание на длабоки општествени промени.
All articles loaded
No more articles to load