Тоскана е повеќе чувство отколку место. Тоскана е симбол на сончеви ридови, маслинови дрвја и ритуали и сето тоа се чувствува во нејзината кујна. Едноставни состојки, длабоки вкусови, топли бои и безвременска традиција што ја слави храната како момент за уживање, а не како обврска.