Технологија

Повеќе

Компанијата Kaspersky објави извештај за злоупотреба овозможена со технологија (tech-enabled abuse), заснован на глобално истражување*, кое покажува дека 45,7% од испитаниците доживеале најмалку еден облик на таква злоупотреба во текот на претходните 12 месеци. Сепак, само 32% од луѓето точно го разбираат значењето на овој поим. Извештајот исто така содржи анализа на понудата за услуги на следење (уходење) на дарк веб, како и клучни увиди во развојот на заканите поврзани со stalkerware софтверот, кој во периодот 2024–2025 година погодил повеќе од 34.000 корисници.
Во ера на нотификации, вниманието станува прашање на живот. A1 Македонија почнува моќна национална кампања за поодговорно користење на технологијата во сообраќајот. Зошто токму оваа кампања останува во глава и по гледањето?
Лунарна база на надувување би можела да стане оперативна на Месечината до крајот на оваа деценија, според директорот на Voyager Technologies, Дилан Тејлор. Додека SpaceX и Blue Origin сè повеќе се фокусираат на присуство на Месечината, вселенската индустрија, според него, е „само на почеток“.
Денот на жената не е само прилика за цвеќе и честитки, туку и потсетник за огромниот придонес што жените го дале во светот на науката, технологијата и секојдневниот живот. Многу изуми што денес ги земаме здраво за готово настанале благодарение на нивната љубопитност, упорност и храброст да размислуваат поинаку. Од технологијата што овозможува безжична комуникација до практичните решенија што ги олеснуваат секојдневните домашни работи, жените оставиле длабока трага во историјата на иновациите.
Зимските олимписки игри Милано Кортина 2026 ќе бидат многу повеќе од борба за медали. Тоа ќе биде демонстрација за тоа како изгледа спортот во моментот кога камерата влегува во патеката заедно со спортистот, а вештачката интелигенција презема дел од режијата. Од FPV дронови и AI репризи, до дигитални асистенти и одржлив, „проѕирен“ факел, овие Игри најавуваат промена на начинот на кој го гледаме, го разбираме и доживуваме олимпискиот спорт.
Целосната блокада на WhatsApp во Русија не е ниту техничка грешка, ниту ненадејна политичка одлука. Станува збор за смислен потег во долгорочната стратегија на Кремљ за преземање целосна контрола врз дигиталниот простор, комуникациите на граѓаните и инфраструктурата на интернетот. WhatsApp, во тој контекст, стана симбол на сè што во Москва се доживува како закана, глобална платформа надвор од дофатот на државата, со енкрипција која власта не може да ја пробие.
All articles loaded
No more articles to load