Статистиките покажуваат дека на дневно ниво во просек донесуваме повеќе десетици илјади одлуки, почнувајќи од наједноставните како тоа дали наутро ќе пиеме кафе или чај, па сè до оние поважните со далеку поголемо влијание врз текот на нашиот живот: здравствените, деловните, партнерските, финансиските и кариерните одлуки. Одлуката е, во својата суштина, наш избор помеѓу две или повеќе опции кои ни се моментално на располагање или кои самите сме си ги обезбедиле.