Во последните четири години сведочиме на големи промени во начинот на работа во компаниите, како во светот, така и кај нас. Денес, повеќе од три години од почетокот на пандемијата COVID-19 која беше најголем предизвикувач на овие промени, во голема мера се задржа хибридниот начин на работа. Во меѓувреме, во светот се случува рапиден раст на нов пазар – пазарот на паметни канцеларии кои овозможуваат SMART WORK и значително го унапредуваат хибридниот режим на работа. Еве зошто SMART WORK веќе денес е новата нормалност во светот.