Лозинки

Повеќе

Според неодамнешниот глобален извештај на компанијата Kaspersky, погодувањето лозинки и злоупотребата на важечки кориснички сметки се рангираат меѓу најефикасните тактики што сајбер-криминалците ги користеле во претходната година. Овој тренд одразува стратешки пресврт, бидејќи напаѓачите сè повеќе се откажуваат од употребата на забележлив малвер кој ја активира заштитата на крајните уреди, давајќи му предност на користењето легитимен пристап за да избегнат откривање.
Состојбата со онлајн и мобилните измами е полоша од кога било. Според истражувањето на центарот Pew Research, 73% од возрасните во САД биле жртва на некој вид онлајн измама и тоа не е ограничено само на една старосна група.
Годишниот одмор завршен, се враќате на работа и тогаш инбоксот бргу се полни, календарите уште побрзо, а темпото се враќа во познатите текови. И додека повеќето вработени размислуваат за приоритетите, роковите и распределбата на задачите, ретко кој размислува за нешто што е исто толку важно – за лозинките. Безбедносните навики често се во втор план, особено кога вниманието се пренасочува кон „поважни“ работи. Но токму враќањето на работа, кога се прави ресетирање на работните рутини, може да биде идеална прилика за уште еден ресет – дигитален.
Прелистувачот Google Chrome наскоро би можел да добие корисно безбедносно ажурирање – откривање лозинки што биле компромитирани во пробиви на податоци и автоматско генерирање и зачувување на подобра замена. Според Google, оваа функција е претставена како „ВИ иновација“, иако засега не е јасно на кој начин вештачката интелигенција е вклучена во процесот.
Според новите насоки на Националниот институт за стандарди и технологија на САД (NIST), лозинките не треба да бидат комплицирани, туку долги.
Kaspersky откри нова кампања за малициозен софтвер која ја користи зголемената популарност на алатките за вештачка интелигенција за генератори на гласови. Со преземање на апликација која ги имитира популарните генератори на глас со вештачка интелигенција, сајбер-криминалците може да украдат различни видови податоци на корисникот, да копаат криптовалути и да преземаат дополнителен малициозен софтвер.
All articles loaded
No more articles to load