Е-трговијата го револуционизираше начинот на кој комуницираме, купуваме и воопшто го промени размислувањето за тоа како треба да се гради еден бизнис. Но, рака под рака со експанзијата на интернет продавниците, незаменлива е ефективната SEO стратегија – која е клучна алатка за секоја интернет продавница која сака да се најде што погоре на листата на Google и да привлече потенцијални клиенти.