За многу припадници на постарите генерации денес е реалност да работат под раководство на луѓе кои се двојно помлади од нив. Тие се навикнати на одреден начин на работа до кој, се чини, генерацијата Z воопшто не се придржува. И додека повеќето компании денес се мултигенерациска средина, деловните традиции што некогаш им биле важни на бејби-бумерите и генерацијата X едноставно повеќе не се релевантни за најмладите вработени.